26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА1/10 од богатството во светот се чува во земји кои се даночно...

1/10 од богатството во светот се чува во земји кои се даночно засолниште

Една десетина од вкупното богатство во светот се држи во земји кои се сметаат за даночен рај, но уделот отскокнува до 15% за Европа и 60% за Персискиот залив и некои латиноамерикански земји, покажува новото истражување, цитирано од „Bloomberg“.

Од гледна точка на општото офшор богатство, како удел од БДП-то, Обединетите Арапски Емирати, Венецуела, Саудиска Арабија, Русија и Аргентина ја предводат листата. Германија, Велика Британија и Франција се над просекот, додека САД е малку под просекот.

Постојат неколку фактори кои се тесно поврзани со високиот удел на офшор богатство како процент од БДП-то – близината до Швајцарија, присуството на национални ресурси и политичка и економска нестабилност.

Веројатно тоа е причината САД да е малку под просекот, вели економистот Габриел Зукман, еден од авторите на студијата.

Префрланото богаство ја зголемува нееднаквоста од гледна точка на даноците, бидејќи припаѓа првенствено на најбогатите домаќинства. Во Велика Британија, Шпанија и Франција околу 30% до 40% од богатството на богатите, 0.01% од домаќинствата се наоѓа во странство.

Најбогатите луѓе во Русија држат цели 60% од своето богатство надвор од земјата.

„Кога ја мериме нееднаквоста во економијата и општествените науки, се потпираме многу на податоците за даноци. Постои очигледен проблем поврзан со избегнувањето на даноците – ако се погледне само податоците за даноците, постои ризик да се потцени вистинската концентрација на богатство“, вели Зукман.

Хонг Конг ја зајакнува позицијата како дестинација за офшор богатство, веројатно благодарение на зголемувањето на бројот на супербогатите во Кина и зголемениот меѓународен притисок врз познати земји даночен рај, како Швајцарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП