3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВлада: Субвенции ќе добијат компаниите кои ќе даваат поголеми плати (видео)

Влада: Субвенции ќе добијат компаниите кои ќе даваат поголеми плати (видео)

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска ги најавија мерките од новата сеопфатна економска програма со кои ќе се стимулирааат нови инвестиции и ќе се изедначат странските и домашните компании. Програмата содржи бројни мерки чија поента се сведува на стимулирање резултати, поголеми плати и повеќе вработувања.

„Програмата исклучува секаква дискреција. Таа ќе биде транспарентна, ќе важи за сите субјекти и ќе ги поддржува економските субјекти што ќе покажуваат резултати“, порача вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Мерките нема да важат за веќе привилегираните веќе субвенционирани компании туку само за тие што се изложени на слободниот пазар. Според Анѓушев, се предвидуваат три групи мерки. Првите, за поддршка на целата економија, без оглед дали станува збор за странски или домашни инвеститорите, дали се во зони или не. Вторите мерки се за извозно ориентирани компании, а третите за малите и средни претпријатија.

Поедноставно, владата ќе даде финансиска помош за гринфилд и браунфилд инвестиции само ако им се даде 50 отсто повисока плата од минималната на тие што ќе бидат вработени. Станува збор за платите над 18.000 денари, под тоа нема да бидат субвенционирани. Субвенциите во овој случај ќе бидат до 16 проценти. Оваа мерка е за привлекување инвестиции кои го ценат трудот на вработените.

За оние што ќе водат сметка за високоплатените кадри и што ќе помогнат високообразованите да не ја напуштаат земјата, односно за сите компании што ќе дадат двојно поголема плата, ќе им биде вратено 20 отсто од вредноста, така што платата ќе биде минимум 45.000 денари и ќе расте пропорционално натаму.

За странските директни инвеститори, за да ја зајакнат соработката со домашните компании, ќе им се надоместува еден отсто од набавките што ќе ги направат тука кај македонски фирми. Владата исто така ќе покрива до 20 отсто од платите на нововработените и 30 отсто од вредноста на опремата ако, освен производството, ги преселат и развојните центри тука.

За таргетираните инвестиции, односно интернационални компании со над една милијарда евра приход, ќе се обезбеди враќање на инвестициите од 10 отсто ако покажат пораст.

За сите мерки владата ќе исплаќа отпосле, врз основа на резултатите. Мерките, како што се тврдеше, нема да извлечат повеќе пари од буџетот на Македонија од тоа што се правеше досега со напорите за привлекување инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП