4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршните сметки ќе мора јавно да бидат објавени од страна на сите...

Завршните сметки ќе мора јавно да бидат објавени од страна на сите буџетски корисници

Власта со законски измени ќе им наложи на сите корисници на буџетски средства, да обезбедат поголема јавност и транспарентност во финансиското работење. Тие ќе мора да ги објавуваат завршните сметки на нивните интернет-страници, за полесен пристап до овие податоци да имаат сите заинтересирани физички и правни лица.

Буџетските корисници ќе треба да ги објавуваат завршните сметки на својата интернет-страница во рок од 15 дена од доставувањето до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.

Со предлог-законот се пропишува глоба за одговорното лице на буџетите и на буџетските корисници доколку не ги објават завршните сметки на својата интернет страница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП