18 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се изразувате на интервјуто за работа?

Како да се изразувате на интервјуто за работа?

Освен првиот впечаток, начинот на кој сте облечени и одговорите кои ги давате на разговорот за работа, многу е важно и на кој начин ќе го кажете сето она за што сте прашани.

Вербалните спсобности како дикција, ширина на вокабуларот, узречици во говорот и термини кои ги користите можат да направат разлика во изборот на кандидат. Колку појасно и поелоквентно говорите, колку вашите одговори ќе имаат „поголема тежина“.

– Исфрлете ги узречиците

– Истакнете ги конкретно своите успеси, но без фалење

– Правилно користете ги стручните изрази

– Одговарајте со целосни реченици

– Истакнете ги интересите

– Не се колебајте

– Бидете професионални, деловни и насмеани

Голема предност дава и насмевката и емоцијата (умерено, нормално). Препорачливо е да се однесувате во согласност со околностите, значи деловно и сериозно, но тоа ниту во еден случај тоа не треба да значи дека треба да бидете крути и без насмевка. Луѓето кои се насмевнуваат носат позитивна енергија во себе, која, со самото тоа, ги претставува во позитивно светло. Зрачите позитивно па таков впечаток и ќе оставите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП