25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите Австријци се селат во хотелите

Богатите Австријци се селат во хотелите

hoteliavstrija1

Богатите Австријци пронашле нов начин на уживање во своето богатство, тие намество во својот дом, времето го поминуваат во луксузни хотели, користејќи ги сите луксузни услуги.

Словачкиот весник „SME“ наведува дека во Австрија во последните години завладеала модата на т.н хибридни хотели, односно хотели кои на набогатите гости има служат како дом.

Ваквиот начин на обезбедување на хотелски услуги во американскиот град Бостон постои уште од 1985 година, а во Европа, односно во Шпанија, е воведен во 1999 година, од ланецот хотели „Кемпински“.

Во виенскиот хотел „San susi“, како и во останатите хотели од овој ланец, квадратен метар вреди од 8,500 до 17,000 евра, а становите на повисоките спратови имаат помеѓу 60 и 360 квадратни метри

Сопствениците на хотели не сакаат да откријат колку им наплатуваат на богатите гости за ваквите услуги, кои во некои случаи, во време на финансиска криза, со своите пари го одржуваат животот на хотелите.

За парите кои ги трошат кираџиите или купувачите на луксузни апартмани имаат комплетна услуга, секој ден имаат чиста соба, свежа храна во секое време, базен, шофер, собна услуга, употреба на фитнес центар и уште многу други погодности кои ги нема во обичниот дом.

Австриските хотелиери со хибридни хотели задоволно ги тријат рацете, бидејќи преку ваквиот модел на работење тие пронајдоа начин да се спасат од кризата која владее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП