23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекоа дека еврото ќе „умре“, сега е како проклетство

Рекоа дека еврото ќе „умре“, сега е како проклетство

Во екот на најлошата криза во Грција пред речиси шест години, многумина на еврото и еврозоната и ги одбројуваа последните денови, а таквите предвидувања продолжуваат и денес.

Сепак, во меѓувреме, европските пари и натаму се едни од најпопуларните светски валути – но каде има пречки?

„На еврозоната и останаа уште најмногу десет дена“ – беше заклучокот на еден од коментарите кој пред шест години беше објавен во угледниот лондонски весник „FT“.

Коментарот содржеше црни очекувања и претпоставки за тоа што би требало да се направи со цел да се спаси заедничката европска валута и како со секој ден се поблиску е моментот кога монетарниот експеримент ќе замине во историјата.

А тоа беше само едно од стотината такви предвидувња, па и од оние поострите дека монетите од евра ќе бидат само сувенири.

Нобеловецот Пол Кругман во 2012-та предвиде дека Грција ќе излезе од еврозоната „најверојатно веќе следниот месец“ и така ќе дојде до крајот на еврото.

Нуријел Рубини пред шест години рече дека постои дури 50 проценти шанси дека еврозоната ќе се распадне во следните три до пет години. Тогаш се сметаше дека Грција ќе ја напушти еврозоната за една година, а на Португалија и беше дадено малку повеќе време.

Сепак, пет години подоцна и еврото и еврозоната се се уште тука.

Паниката во медиумите и јавноста само долеваше масло во оганот и инфлацијата до катастрофални граници беше логичен крај. Нормално, ситуацијата во споменатите држави беше сериозна, но прашањето е дали имаше место баш за толква паника.

Еврото сега полека оди кон својот 20-ти роденден. Еврозоната дури се прошири во меѓувреме, а стихија на пазарите нема.

Комбинацијата на политичко-финансиски потези, најмногу под „капата“ на Германија и ЕЦБ доведе до таква стабилизација на еврото.

Состојбата се подобри до таа мерка што сега се погласно се слуша дека пристапот кон Грција треба да се олабави.

Иако пожарот е локализиран, оганот и натаму тлее, односно проблемите кои заедничката валута во оваа форма ги има не се сосема решени. Очигледно е дека би требало решавање во сферите пошироки од монетарната политика, но малкумина имаат храброст да го сторат тоа.

Додека не се донесе некое подобро решение, еврото и натаму ќе биде посакувано и непоскувано, и средство за соединување и разединување, и причина за економски напредок и назадување. Истовремено и проблем и решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП