19 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАОд утре почнува фестивалот „Да читаш е кул“

Од утре почнува фестивалот „Да читаш е кул“

Од утре до 17 септември во организација на издавачката куќа „Табернакул“ од Скопје во Мала станица ќе се одржи фестивалот „Да читаш е кул“.

Фестивалот е во рамки на проектот „Читатели од иднината“ што се реализира во партнерство со издавачката куќа „Дитурија“ од Албанија и со агенцијата „Арчипелаго онлус“ од Италија со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Во рамки на фестивалот предвидени се работилници за деца со писатели, илустратори, психолози, антрополози.
Фестивалот ќе опфати и трибина со учесници поврзани со книгата и читањето од повеќе аспекти (преведувачи, уредници, издавачи, автори за деца) од трите земји партнери во проектот.

Во придружната програма на фестивалот ќе има поетски рецитали, читачки сесии, театарска претстава и изложба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП