26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајскапите марини за јахти во светот

Најскапите марини за јахти во светот

Со дневна такса од 3.025 евра, „Ibiza Magna“ во Шпанија во моментов е најскапата марина во Европа.

Ова стана познато од рејтингот на „Engel & Völkers Yachting“.

Податоците од студијата се базираат на основните цени на компанијата за наплаќање на такса во марина за 55-метарска јахта во сезоната 2017-та.

Три италијански пристаништа во првите 10

Лидерот во ова рангирање „Ibiza Magna“ го следат три италијански пристаништа. Второто место во рејтингот е за „Marina Grande“ во Капри. Дневниот надоместок е 2.670 евра.

„Porto Cervo“ од Сардинија е трета со цена од 2.514 евра. Во „La Marina di Portofino“ основниот дневен надомест за вкотвување на 55-метарска јахта изнесува 2.288 евра. Ова го става пристаништето за јахти во близина на Џенова на четвртото место во рангирањето.

„Факторите како локацијата на марината, високата побарувачка и ограничениот капацитет влијаат на износот на цената“, вели Аниса Медиоуни, извршен директор на „Engel & Völkers Yachting“.

„La Marina di Portofino“, на пример, има само 16 места. „Во моментов гледаме зголемен интерес за пазарот на јахти на повеќе од 50 метри, но бројот на слободни места за бродови од оваа големина е ограничен“, додава Аниса Медиоуни.

Марбела и Сен Тропе – чинат нешто над 2.000 евра

„Puerto José Banús“ во Марбела е рангирана на петото место со дневен надомест од 2.068 евра. Марината има вкупно 915 места и е втора шпанска марина во првите десет, следена од „Port de Saint-Tropez“ на француската ривиера. Просторот за 55-метарска јахта чини 2.054 евра дневно.

„Во прилог на основната наплата, обично постојат трошоци за разни услуги, како што се струјата и водата или горивото“, додава Аниса Медиоуни, додавајќи: „Големината на овие дополнителни трошоци варира од едно до друго пристаниште“.

Цените се зголемуваат во Хрватска и Сардинија

Ексклузивните пристаништа за јахти на Кипар, Хрватска, Монако и Турција нудат места за помалку од 2.000 евра дневно. На пример, во „Limassol Marina“ дневниот надомест е 1.533 евра. Ова го става пристаништето за јахти во Јужен Кипар на седмото место во „Engel & Völkers Yachting“.

На осмото место е „ACI marina Split“ и доаѓа на јадранскиот брег на Хрватска со цена од 1.320 евра.

„„ACI marina Split“ и „Porto Cervo“ во Сардинија се сведоци на највисокиот пораст на цените во споредба со 2016-та година. Надоместоците се зголемени за околу 7% годишно“, рече Аниса Медиоуни.

Едно од најважните жаришта за јахти во светот е Кнежеството Монако. Затоа „Port Hercule“ во Монте Карло е една од најпрестижните марини во медитеранскиот регион.

Со надоместок од 1.074 евра, единственото пристаниште за јахти на Азурниот брег доаѓа на деветтото место. „Marina Netsel Marmaris“ во Турција ги комплетира десетте најексклузивни марини во Европа. Дневниот трошок за престој тука е 1.045 евра.

Еве ги првите 10 најскапи пристаништа во Европа

Ibiza Magna, Ибица, Шпанија – 3.025 евра за престој на ден

Marina Grande, Капри, Италија – 2.670 евра за престој на ден

Marina di Porto Cervo, Сардинија, Италија – 2.514 евра за престој на ден

Marina di Portofino, Портофино, Италија – 2.288 евра за престој на ден

Puerto José Banús, Марбела, Шпанија – 2.068 евра за престој на ден

Port de Saint-Tropez, Сен Тропе, Франција – 2.054 евра за престој на ден

Limassol Marina, Лимасол, Кипар – 1.533 евра за престој на ден

ACI Marina Split, Сплит, Хрватска – 1.320 евра за престој на ден

Port Hercule, Монте Карло, Монако – 1.074 евра за престој на ден

Netsel Marmaris Marina, Мармарис, Турција – 1.045 евра за престој на ден

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП