19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо ЕУ се здружија: Кинезите нема што да бараат тука

Во ЕУ се здружија: Кинезите нема што да бараат тука

Властите на Франција, Германија и Италија го поздравија предлогот на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, на Кина да и се ограничи преземањето на европските компании.

Станува збор за преземање во секторот на инфраструктурата, високо-технолошката индустрија и енергетиката.

„Германија, Франција и Италија ги поздравија предлозите на Европската комисија како важен чекор кон рамноправните услови за пазарен натпревар во Европа“, се наведува во соопштението кое го објави германското Министерство за економија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Официјален Берлин, според зборовите на германската министерка за економија Брижит Циприс, е многу заинтересиран за странските инвестиции кога тие се одвиват според пазарните услови.

„Но, мораме да ги спречиме другите држави да ја искористуваат нашата отвореност со цел да ги истуркаат напред интересите на сопствената индустриска политика“, додаде Циприс.

Јункер во своето годишно обраќање пред пратениците во Европскиот парламент во Стрзбур изјави дека ќе побара и овластување за надзор на странските аквизиции во стратешките сектори на Европа, поради загриженоста во врска со инвестициите од Кина.

„Предлозите на Јункер обезбедуваат праведна конкуренција во ЕУ и нудат подобра заштита од аквизициите на компаниите кои не се во склад со пазарните прописи. Во иднина, земјите членки ќе имаат овластување да интервенираат во случаите на државно-контролираните директни инвестиции во европските компании“, истакна Циприс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП