11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста на минимум, но платите...

Невработеноста на минимум, но платите…

Невработеноста во Велика Британија во периодот април-јуни падна на 4,3 проценти, што е најниското ниво од 1975 година, но притисокот на реалните плати продолжува.

Тоа го покажуваат објавените податоци на британската Национална статистичка агенција.

Растот на платите во британската економија изнесувал 2,1 проценти во кварталот до јули во однос на истиот период минатата година, соопшти денес британската агенција. Кога ќе се земат во предвид податоците за инфлацијата, која изнесувала 2,9 проценти во август, се покажува дека приходите на домаќинствата и понатака се под притисок и дека платите не успеваат да ја стигнат инфлацијата.

Во реални бројки платите опаднале за 0,4 проценти во три месеци до јули, наведува BBC. „Иако приходите пораснале за 2,1 проценти во номинална вредност во однос на претходната година, реалната вредност на заработката опаднала за 0,4 проценти“, изјави статистичарот од британската статистичка агенција Мет Њуз.

Инфлацијата значително скокна откако британската фунта ја загуби вредноста по минатогодишното гласање за Брегзит.

Затоа повеќе економисти мислат дека Банката на Англија ќе ја задржи клучната каматна стапка непроменета на рекордно ниското ниво од 0,25 проценти, иако инфлацијата е над целните два проценти.

Агенцијата исто така наведе дека невработеноста опадна за 75.000 работни места на 4,3 проценти во кварталот до јули, во однос на 4,4 проценти колку што изнесуваше претходниот квартал. Тоа е најниска стапка на невработеност од 1975 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП