4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладините агенции во САД добија наредба да го отстранат „Касперски“

Владините агенции во САД добија наредба да го отстранат „Касперски“

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп им наложила на владините агенции во земјата да ги тргнат производите на „Лабораторија Каспрески“ од своите информатички системи.

Како што е наведено, администрацијата на Трамп е загрижена дека оваа компанја за сајбер безбедност, чие седиште е во Москва е под влијание на Кремљ.

Министерството за внатрешна безбедност на САД, им издало директива на агенциите, со која им наложува да ги идентификуваат производите на „Касперски“, во своите информатички системи во рок од 30 дена, а потоа да направат планови во рок од 60 дена да претстанат да ги користат и да ги отстранат. Во рок од три месеци, како што пренесе агенцијата „Ројтерс“, тие треба да ги реализираат плановите, односно повеќе да не ги користат производите на „Касперски“.

„Ројтерс“ наведува дека од „Касперски“ не излегле со свој коментар.

Од компанијата повеќе пати негираа дека се поврзани со било која влада и дека не и помогнала на ниту една влада во сјабер шпијунажата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП