
Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.


Во Македонија денеска ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер.
Минималните дневни температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 12 до 32 степени.
Следува период на сончево време со свежи утра и со постепен пораст на дневната температура, така што за време на викендот температурните максимуми насекаде ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во понеделник ќе има зголемување на облачноста, а локален дожд и позначително опаѓање на температурата ќе има од вторник.