3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до дополнителна едукација и усовршување?

Како до дополнителна едукација и усовршување?

Во деловниот свет вештините и знаењето кои ги поседувате се поважни од дипломата, препораките и CV-то кои можат да бидат реален показател на вашето знаење, но и само букви на хартија без реална основа.

Затоа еден од приоритетите во градењето на успешна кариера е континуираното инвестирање во стекнувањето на нови знаења и вештини како и одржувањето на постоечките. Не само што со своето знаење ќе и помогнете на компанијата во која работите туку тие ќе ги однесете и на потенцијалната нова работа, тие ќе бидат секогаш со вас, без разлика каде сте и што работите.

Затоа искористете ја секоја прилика и борете се за дополнително усовршување и учење. Еве неколку кратки совети како да си го олесните тоа:

– Користете ја секоја прилика за усовршување

– Не го одбивајте усовршувањето од областа која не е директно поврзана за вашата работна позиција или професија

– Пронајдете ги курсевите кои ве интересираат и запишете се на нив

– Бидете во тек со новите достигнувања во областа на вашата специјалност

– Искористете го вашето слободно време за учење на некои нови вештини и пронајдете начини како да ги вметнете во работата

– Постојано усовршувајте ги странските јазици

– Секогаш бидете расположени за читање на некоја добра деловна книга

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП