10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако најбрзо стресниот ден да го оставите зад себе?

Како најбрзо стресниот ден да го оставите зад себе?

Најдобриот, најбрзиот и наједноставниот начин да го ублажите стресот е да го промените начинот на размислување, вели Лин Буфка, специјалист за стрес и анксиозност.

Промената на мислењето понекогаш претставува најефикасен начин, бидејќи често себе си се убедуваме дека одредено случување едноставнo е „катастрофа“ или дека ќе резултира со исклучително лош исход.

Буфка советува да се запрашате дали навистина се работи за голема работа? Дали можете да се носите со ситуацијата? Ако мислите дека ќе се случи нешто лошо, размислете колку е веројатно дека ќе постои таков исход. Дали ги преценувате лошите нешта?

Нормално, промената на начинот на размислување не е единствениот начин да се ослободите од стресот. Лесното, длабоко дишење ќе ви помогне да се смирите, како и повремено да се исклучите од дигиталниот свет.

Посебен предизвик денес претставува технологијата и нагонот вестите, меиловите, социјалните мрежи постојано да се проверуваат.

Секој од нас може да одлучи како да ја користи технологијата. Не треба да и дозволите таа да управува со вас. Заборавете повремено на телефонот, компјутерот… Поставете си лимит за нивното користење, од кое стресот се зголемува, и почитувајте го.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП