28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВатиканската банка ќе ги покаже финансиите

Ватиканската банка ќе ги покаже финансиите

vatikan3

Ватиканската банка, која со децении е поврзана со бројни скандали, ќе отвори сопствена интернет страница и ќе објави годишен финансиски извештај.

Банката настојува да ја зголеми транспарентноста на своето работење, изјави нејзиниот претседател Ернст фон Фрајберг.

Тој изјави дека банката, позната како Институт за верски прашања (IOR) и чие работење, според пишувањата на магазинот Форбс, е тајно, ангажирала рефизорска компанија која ќе се грижи банката да ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари, пренесува Ројтерс.

Фрајберг во февруари беше именуван за нов директор на Ватиканската банка, тој дојде на местото на Еторе Готи Тедески кој беше отпуштен во мај минатата година.

Готи Тедески тогаш изјави дека тој е отпуштен поради тоа што сакал поголема транспарентност, но правниот одбор, сочинет од меѓународни финансиски експерти, подоцна соопшти дека вистината за отказот се крие во занемарувањето на работата од страна на Тедески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП