6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартува продажбата на билетите за Мундијалот во Русија

Стартува продажбата на билетите за Мундијалот во Русија

Наредното лето ќе се одржи 21.Светско првенство во фудбал, а иако досега се познати само шест учесници, веќе од утре ќе стартува продажбата на билетите.

Продажбата на билети ќе почне на 14 септември во 12 часот на официјалната интернет страница на ФИФА. Цената на билетите се движи од 87,5 до 917 евра. Исто така за граѓаните на Русија ќе бидат обезбедени посебни билети чија цена ќе се движи од 18 до 102 евра.

Од ФИФА порачаа дека билетите за Мундијалот ќе се продаваат во две фази. Првата фаза, која почнува утре, ќе трае до 12 октомври, а втората фаза ќе се одвива од 5 декември до 31 јануари 2018 година.

Светското првенство во Русија е прво кое ќе се одигра на европска почва по она во Германија во 2006 година. На СП ќе се одиграат 64 натпревари на 12 стадиони во 11 градови.

Финалето ќе се одигра на 15 јули 2018 година на стадионот „Лужники“ во Москва.

Покрај домаќинот Русија, досега пласман на СП низ квалификациите изборија Белгија, Мексико, Јапонија, Бразил, Иран и Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП