3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Владата ќе продолжи со спроведувањето на реформите

Франција: Владата ќе продолжи со спроведувањето на реформите

Францускиот премиер Едуар Филип изјави дека Владата ќе ги следи демонстрациите против планираните реформи на законот за труд, но дека ќе продолжи со процесот за спроведување на тие реформи, пренесуваат француските медиуми.

Тој, ден по почетокот на протестите против реформите во Франција изјави дека овогодишните избори ја покажале волјата на Французите да ги поддржат реформите.

„Слушам и обрнувам внимание. Но, дозволете ми да изјавам дека и граѓаните на Франција имаат право да бидат почитувани при гласањето“, истакна Филип и додаде дека планираните реформи ги најави францускиот претседател Емануел Макрон уште во текот на претседателските избори во Франција.

Илјадници левичарски синдикалисти во Франција вчера протестираа против реформите на законот за труд воведени од Макрон.

По неколку недели преговори, француската Влада минатиот месец ги подготви мерките, меѓу кои се и исплатите за откази кои се проценети како неправични, како и поголемата слобода на компаниите во вработувањето и отпуштањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП