13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕксплодираше најголемиот фонд во светот

Експлодираше најголемиот фонд во светот

Норвешниот суверен фонд, кој е најголемиот фонд на светот, за прв пат достигна вредност од 1.000 милијарди долари.

Растот на акциите на светските берзи и зајакнувањето на еврото ги зголемија неговите средства.

Основан е во 1998 година со цел приходите од нафтата и гасот да се штедат за идните генерации, а овој суверен фонд сега вреди како 2,5 годишни бруто домашни производи на Норвешка, додека првично беше предвидено дека до 2020 година ќе достигне вредност како 1,3 годишен БДП на земјата, пренесува агенцијата Ројтерс.

Според податоците кои се ажурираат во реално време, на веб-сајтот на фондот во 10:34 часот по Гринич прикажано е дека неговата вредност изнесува 7,85 илјади милијарди норвешки круни (1.000 милијарди долари).

Фондот, со кој управува еден организационен дел од норвешката централна банка, ги инвестира своите пари во странски акции, обврзници и недвижнини во 77 земји во светот.

Речиси две третини од неговите средства на крајот на вториот квартал ги сочинувале акции, кои претставуваат сопственички удели во околу 9.000 компании, по основ на кои контролира преку 1,3 проценти од сите акции листирани на берзите во светот.

Од другата страна, бројот на жители на Норвешка од 5,3 милиони луѓе сочинува помалку од 0,1 проценти од светската популација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП