24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродуктивната инфлација во Јапонија се забрзува до 9-годишниот максимум

Продуктивната инфлација во Јапонија се забрзува до 9-годишниот максимум

Производствените цени во Јапонија се зголемуваат во август со најбрза стапка на годишна основа по пред речиси девет години, објави Ројтерс. Силна побарувачката во Кина ги охрабрува цените на суровините и дава надеж дека и корисничката инфлација ќе се забрза и ќе ја доближи целта од 2%.

Производствената инфлација во Јапонија се забрзува до 2,9%, а раст во цените има веќе осми месец по ред, покажуваат податоците на централната банка. Во јули вредноста изнесуваше 2,6 отсто.

Сепак, според некои економисти, забрзувањето не е доволно силно за компаниите да ги зголемат цените за малопродажните производи. „Зголемувањето е управувано главно од стоки кои се под влијание на глобалните цени на суровините како нафта и метали“, коментира Тору Суехиро, виш пазарен економист во „Mizuho Securities“.

„Инфлацискиот притисок останува слаб за стоки, како машините“, додава тој и предвиде дека производствената инфлација најверојатно ќе го достигне својот максимум во октомври.

Економијата на Јапонија се прошири за 2,5% годишна стапка на раст во вториот квартал, благодарение на силниот извоз и долгоочекуваното забрзување во приватната потрошувачка. Сепак, основната инфлација на потрошувачите беше само 0,5% на годишна основа во јули, што е далеку под целта од 2%.

Јапонската централна банка мораше да го одложи рокот за постигнување на целта за инфлацијата шест пати откако ја воведе големата програма за стимулации во 2013-та година. Регулаторот се надева дека инфлацијата ќе ја достигне целта до март 2020-та година, бидејќи има сигнали за сила во економијата, додека стабилниот пазар на трудот промовира раст на платите и ја зголемува куповната моќ на домаќинствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП