Во среда, во Македонија, ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималните дневни температури ќе се движат од 9 до 17 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 32 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата од 15 до 30 степени.
Следува период на сончево време со свежи утра, а преку денот ќе биде се потопло. За време на викендот дневните температури насекаде ќе бидат над просекот.