3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар дел од акцијата за дарување крв и храна организирана од...

Општина Центар дел од акцијата за дарување крв и храна организирана од САД и од Црвениот крст

Амбасадата на Соединетите Американски Држави петнаесетта година по ред го одбележува Националниот ден на служба и сеќавање. И годинава Амбасадата на САД и Црвениот крст на Град Скопје преку добротворни акции организираа настан како почит кон жртвите, преживеаните и сите оние што помогнаа во справување со последиците од терористичкиот напад во Њујорк на 11.9.2001 година.

На настанот за хуманоста говореше амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и секретарот на Црвениот крст.

На настанот, чија цел е да се зближат луѓето од сите заедници, без разлика на политички и религиозни убедувања, присуствуваа и личности од политичкиот и јавен живот на Република Македонија, амбасадори и сите оние што имаа една заедничка цел, да се помогне, да се дополнат резервите на Црвен крст и да се обезбеди храна за загрозените семејства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП