24 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKuwait Аirways купува 25 авиони од Airbus

Kuwait Аirways купува 25 авиони од Airbus

kuvajt

Авиокомпанијата „Kuwait Airways“ потпиша договор со производителот на авиони „Airbus“ за купување на 15 летала од моделот А320 и десет од А350-900 со опција за купување на уште 10 авиони од двете категории. Ова го соопшти генералниот директор на авиопревозникот Сами ал Насеф.

Испорачката на авионите А320 треба да започне во 2019-та година, а додека пак на моделот А350-900 во 2020-та година, додаде Ал Насеф. Додека вредноста на целиот договор изнесува околу 3 милијарди долари.

Според него компанијата исто така ќе изнајми 22 авиони од истиот производител (10 – A330, 10 – A320 како и 2 од A321), а првите од нив ќе бидат достапни уште во јули оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП