28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо една реченица кажа се: Инвестира во стартапи и има совет за...

Во една реченица кажа се: Инвестира во стартапи и има совет за сите кои сонуваат за сопствен бизнис

Колку пати сте помислиле или слушнале – Чекам уште ова да се случи, па тогаш…

Што мислите чија дозвола ви е потребна пред себеси да си дозволите да ги следите своите соништа и да бидете успешни?

Чекаме, постојано нешто чекаме – прилика да се покажеме, околностите да се променат или тајмингот да биде како што треба. Чекаме било кој фактор да се исполни за да можеме да бидеме среќни, или чекаме токму тој фактор да ни донесе успех.

И најверојатно е дека тоа никогаш нема да дојде, никогаш нема да се случи. И за жал, чекањето е тоа што не спречува да бидеме успешни.

Претприемачот и инвеститор од Њу Орлеанс, Крис Шулц, за Inc.com кажа што се има да им порача на амбициозните претприемачи. Една негова реченица всушност е еден од наговите најдобри совети кои ќе ги слушнете

„Не чекајте некој да ви даде дозвола“

Сите го правиме тоа. Не се чувстваме доволно силни да си дадеме дозвола на самите себе, и така го користиме недостатокот на „надворешна потврда“ како изговор. Ви сте ретка и многу среќна личност ако имате некој кој ќе ви каже дека има смисла да започнете бизнис, или дека сте го направиле вистинскиот избор следејќи ги вашите соништа.

Многумина ќе ви кажат: „Подобро е да молите за прошка, отколку да прашате за дозвола“.

Немојте да си го трошите времетo на чекање некој друг да ви каже дали е во ред да ги следите вашите соништа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП