20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВo петок завршува рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции

Вo петок завршува рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции

Вo петок завршува рокот за поднесување барања за земјоделски субвенции од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за оваа година. До денеска се поднесени 66.126 барања. Со оглед на тоа дека рокот трае уште пет дена, се очекува овие бројки да се променат, односно да се зголемат.

„Ги потсетуваме земјоделците дека можат сами да поднесат барање за директни плаќања преку Е-барање, кое е поставено на страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Барањето се поднесува по електронски пат, без доставувањедокументи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.

Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Постапката за поднесување барање за директни плаќања е иста како и претходната година. На сите огласни табли на подрачните единици на Министерството за земјоделство на видно место се истакнати сите потребни информации за аплицирање. Земјоделците можат да побараат помош за аплицирањето од подрачните едници при МЗШВ, каде што го поднесуваат барањето. Исто така можат да ги користат и услугите на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството“, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со апел земјоделците да го испочитуваат рокот за аплицирање за да може поднесените барања навреме да се обработат и субвенциите да се исплатат во согласност со предвидениот распоред во текот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП