Според пишувањата на „Die Pressea“, индискиот „Srei Infrastructure Finance Ltd.“ има „добри шанси“ за купување на австриската подружница „Hypo Alpe-Adria Bank“.
Портпаролот на „Srei“ за Блумберг го негираше интересот за аквизација, но не прецизираше дали некоја од компаниите во рамките на групата е можен кандидат за нов сопственик на „Hypo“.
Австриската аквизација на индиската финансика групација ќе и донесе банкарска лиценца и ќе и овозможи едноставен влез на европскиот пазар. „Srei“ е еден од пионерите во инфраструктурното финансирање во Индија, покрај тоа, тој ги финансира енергетските проекти, телекомуникациите и сообраќајот. На средината на минатата година под раководство „Srei“ имаше 3,5 милијарди долари имот.
Во Индија има мрежа од 85 филијали преку кои опслужува повеќе од 30.000 клиенти, а со отварањето на канцеларии во Русија и Германија започна и меѓународната експанзија.