6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и нуди на Србија сопственички дел од терминал за течен природен...

Грција и нуди на Србија сопственички дел од терминал за течен природен гас

Грција и понуди на Србија да учествува во изградбата и да биде сопственик на дел од идниот терминал за течен природен гас, кој ќе се гради во грчкото пристаниште Александрополис.

Се работи за терминал што се наоѓа на 14,5 километри оддалеченост од делтата на Марица, на само 30 километри од границата со Турција и околу 300 километри од Солун, се вели во спрски “Вечерње Новости”.

Грција и нуди на Србија да биде сопственик на 20 отсто од терминалот, колку би имале и грчка компанија за гас ДЕПА и „Бугарски енергетски холдинг“ (БЕХ), додека остатокот би го добиле приватните компании.

Течниот природен гас до пристаништето Александрополис би се доставувал со бродови, потоа би се транспортирал до терминалот каде би се претворал во гас и така би се транспортирал натаму.

Се предвидува капацитетот на складиштето да биде 170.000 кубни метри со годишен проток од дури 6,1 милијарди кубни метри гас. Од тој терминал гасоводот води до грчкото пристаниште Комотини, а потоа преку цевки до бугарскиот град Стара Загора, од каде ќе продолжува до Димитровград, па понатаму до Ниш, каде би се изградил српски терминал.

„Вечерње новости“ истакнува дека Србија за изградба на терминалот може да се надева на средства од европските грантови, бидејќи проектот е во согласност со заклучоците на Европскиот проект за заеднички интереси, што е еден од приоритетите за развој на енергетскиот инфраструктурен проект на ЕУ, што претходно беше усогласен со Грција и Бугарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП