26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Велика Британија се забрза повеќе од очекуваното

Инфлацијата во Велика Британија се забрза повеќе од очекуваното

Инфлацијата во Велика Британија забрза повеќе од очекуваното во август и повторно е блиску до психолошката граница од 3 отсто, објави „Bloomberg“.

Потрошувачките цени се зголемија за 2,9% на годишна основа, во споредба со 2,6% пораст во јули, според податоците на Националната служба за статистика. Забрзувањето на инфлацијата се случува во услови на обновена девалвација на валутата, чија слабост во изминатата година ги зголеми увозните цени.

Основната инфлација, исто така, забрза повеќе отколку што очекуваа економистите, достигнувајќи највисоко ниво во 2011-та година – 2,7%.

Бројките ставаат поголем притисок врз Централната банка на Англија, која има потешкотии да го контролира зголемувањето на цените што ја надмина целта од 2%. Во последниот месец, деветте членови на Комисијата за монетарната политика се едногласни за тоа како да се справат со каматните стапки. Двајца од нив инсистираат на покачување на стапката, која сега е на рекордно ниско ниво од 0,25%.

Скокувањето на инфлацијата во август главно се должи на поскапата облека и обувки, кои се зголемија за 2,4% на месечно и 4,6% на годишно ниво.

Во случај дека инфлација се одалечи со над 1 процентен поен од целното ниво, управителот на „ВоЕ“, Марк Карни ќе треба да даде писмено образложение на министерот за финансии Филип Хамонд каква е стратегијата за спречување на растот, посочува „Bloomberg“.

Во средата се очекуваат податоците за порастот на платите во Велика Британија и растот се предвидува веќе трет последователен месец, иако нешто повеќе од 2%. Ова значи дека реалните приходи на населението се намалуваат, бидејќи инфлацијата е повисока од зголемувањето на платите.

„ВоЕ“ ќе се состане во четврток и нема очекувана промена на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП