19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Силното евро не е проблем

ЕЦБ: Силното евро не е проблем

Европската централна банка (ЕЦБ) верува дека со давањето на понатамошни поттици на економијата на еврозоната ќе ги неутрализира дезинфлаторните ефекти на силното евро.

Тоа го изјави член на Управниот одбор на ЕЦБ Беноа Кер.

„Монетарната политика подолг период ќе остане прилагодлива, што ќе ги ограничи негативните ефекти од апрецијацијата на еврото“, изјави Кер на една конференција во Франкфурт, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Бидејќи актуелното закрепнување во еврозоната главно е поддржано од домашната побарувачка, силното евро ќе има помал ефект на растот отколку што тоа беше случај после големата финансиска криза“, додаде тој.

Кер, сепак, изрази очекување дека ЕЦБ ќе ги ограничи поттиците кога законодавците ќе се состанат во октомври, бидејќи исчезна ризикот од дефлација, а економскиот раст е подобар од очекуваниот.

Предупредува, сепак, дека константните надворешни шокови би можеле да ја загрозат перспективата на инфлација.

„Надворешните шокови по курсот, доколку потраат, би можеле да доведат до неосновано заострување на финансиските услови со несакани последици по перспектива на инфлацијата“, изјави Кер.

Еврото зајакна во изминатите месеци, бидејќи забрза растот на европската економија, наведува АФП.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги минатиот четврток најави дека гувернерот на оваа институција во октомври ќе донесе одлука за наредните чекори во програмата за „квантитативно олабавување“ која би требало да се истакне на крајот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП