25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle поднесе жалба за казната, но сепак мора да ја плати

Google поднесе жалба за казната, но сепак мора да ја плати

Компанијата „Google“ поднесе жалба за паричната казна на ЕУ изречена во јуни поради злоупотребата на доминантната положба, изјави претставник на Европскиот суд за правда.

„Поднесена е жалба за поништување на пресудата“, изјави претседателот на Судот.

Европската комисија на 27 јуни изрече парична казна од 2,42 милијарди евра за „Google наведувајќи дека оваа компанија ја злоупотребила доминантната положба на интернет, фаворизирајќи го во пребарувањето својот сервис за купување „Google Shopping“.

Разгледувањето на жалбата ќе трае околу две недели, изјавија од Судот. Со жалбата, сепак, не е одложена пресудата, па „Google“ ќе мора да плати 2,4 милијарди евра.

Комисијата наведе дека ќе ја брани својата одлука пред судот, не наведувајќи други детали.

Брисел покрена уште два случаи во кои би можел да биде казнет „Google“. Првиот се однесува на оперативниот сситем за паметни телефони „Android“ и одлуката би можела да биде донесена во декември. Вториот се однесува на мрежата на „Google“ за адвертајзинг „AdSense“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП