20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДојде и тој ден - биткоинот во слободен пад

Дојде и тој ден – биткоинот во слободен пад

Криптовалутата биткоин е во слободен пад од моментот кога Кина на крајот на минатата недела објави дека ќе ја забрани размената на криптовалути.

На почетокот на оваа недела биткоинот продолжи да слабее, па загубата се искачи на 500 долари, од речиси 4,700 долари пред четири дена, на сегашни 4,160 долари.

Двете најголеми биткоин менувачници во Кина, Оккоин и Хуби, наведуваат дека не добиле никакви инструкции да го запрат тргувањето. Кинеската централна банка, исто така, не ги коментираше извештаите за откажувањето.

Тие наводи се појавија откако Кина одлучи да ја забрани иницијалната јавна понуда на криптовалути, нов и популарен начин за стартапите да дојдат до финансирање со создавање на сопствени криптовалути или токени.

Скептиците оценуваат дека всушност станува збор за нерегуларен начин фирмите да дојдат до пари, без процедури и поминување преку џу џилиџинс, кој е карактеристичен за финансирање на прокти со здружување на капиталот. Пекинг ја опишува ICO (иницијалната јавна понуда на коини) како нелегален начин за собирање на средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП