28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНаскоро бесплатен пристап до Правописот и до Толковниот речник на македонски јазик

Наскоро бесплатен пристап до Правописот и до Толковниот речник на македонски јазик

Премиерот Зоран Заев вчера прими делегација од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Од владината прес-служба соопштија дека предлогот на Заев, Институтот да обезбеди едноставен и слободен пристап, без надомест, до капиталните дела Правопис на македонскиот јазик и Толковен речник на македонскиот јазик, наишол на одобрување кај делегацијата.

„Договорено е оваа можност за граѓаните на Република Македонија да биде овозможена колку што е можно побрзо“, соопшти Владата.

Премиерот ја прифатил поканата од страна на директорката на Институтот за македонски јазик да биде покровител на втората македонистичка конференција која ќе се одржи во ноември 2018 година.

На состанокот како членови на делегацијата на Институтот присуствуваа директорката Елена Јованова-Грујовска и професорките и научни работнички Симона Груевска-Маџовска, Алексанра Ѓуркова, како и претставничките на редакциите на Правописот на македонскиот јазик и на Толковниот речник на македонскиот јазик, Елка Јачева-Улчар и Снежана Велковска.

На оваа средба присуствуваа и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП