29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ја предупреди ЕУ дека е против спорот во билатералната трговија

Кина ја предупреди ЕУ дека е против спорот во билатералната трговија

euchina1

Кина денес ја предупреди Европската унија дека е против ескалација на спорови во билатералната трговија.

Кина од Брисел побара да се откаже од плановите за спроведување на истрагата за кинеските телекомуникациски производи и за воведување на даноци на соларните панели.

Европската комисија соопшти дека, во случај на неуспех на билатералните преговри, ќе отвори истрага против дампинг и субвенции во телекомуникациските мрежи и нивните клучни елементи увезени од Кина.

Оваа одлука следеше по извештајот дека Брисел планира да воведе даноци против дампинг до 68 проценти на кинеските соларни плочи,

Портпаролот на кинеското Министерство за трговија Шен Дејанг изјави дека европските компании за мобилната телефонија имаат поголем простор на пазарот во Кина отколку кинеските компании во ЕУ и дека било каква трговска постапка на Брисел ќе предизвика штета за двете страни.

„Се надеваме дека ЕУ нема да започне процедура кој не е добра за двете страни“, изјави Дејанг, додавајќи дека Кина, доколу ЕУ продолжи со истрагата, ќе превземе одредени мерки со цел да ги одбрани своите правни интереси и права“, во согласност со правилата на Светската трговска организација и кинеските закони.

Според официјалните податоци на ЕУ, годишно во Унијата од Кина се увезува опрема за телекомуникациски мрежи чија пазарна вредност е околу една милијарда евра.

Шен од Брисел побара да не воведува даноци на соларните плочи и нагласи дека ЕУ со таквата постапка ќе нанесе сериозна штета на билатералните трговски односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП