30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche го произведе 100.000-тиот примерок на Panamera

Porsche го произведе 100.000-тиот примерок на Panamera

panamera

За неполни четири години колку „Porsche“ го има моделот „Panamera“ на пазарот од производната лента во фабриката во Лајпциг излегоа 100.000 примероци од оваа луксузна спортска лимузина.

Иако овој автомобил на „Porsche“ уште од почетокот го следеа разни контроверзии, вклучувајќи го и неговиот дизајн, сепак „Panamera“ се покажа како пазарно успешен модел на германскиот производител.

„„Porsche Panamera“ денеска се вози во 120 земји ширум светот. Вработените во фабриката се многу горди на тоа што овој модел се произведува токму во Лајпциг“, изјави претседателот на управниот одбор на фабриката, Зигфрид Булов.

Јубулејниот примерок е „Panamera S E-Hybrid“ во „Rhodium-Silver“ металик боја. Овој модел е претставен на авто-саемот во Шангај во април 2013-та година и тоа во рамките на премиерата на редизајнираната верзија на „Porsche Panamera“.

„Panamera S E-Hybrid“ има хибриден погонски систем кој располага со 416 ks, а според фабричките податоци со користењето на електромоторот во возењето просечната потрошувачка во комбиниран режим изнесува само 3.1l/100 km со емисија на CO2 од 71 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП