4 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ќе лансира 8 нови модели до 2020-та година

Skoda ќе лансира 8 нови модели до 2020-та година

Чешкиот бренд на „Volkswagen“ – „Skoda“, планира некои многу интересни премиери од сега до крајот на деценијата, со нови и ажурирани модели ќе бидат точно 8.

Прво ќе се појави компактниот „SUV“ модел на „Skoda“, кој е одговорот на Чесите на „SEAT Arona“ и „VW T-Roc“. Во „VW“ се сериозни во врска со проширувањето на „SUV“ модели и „Skoda“ не може да се држи подалеку од овој тренд. Секако, наследникот на „Yeti“ ќе има многу заеднички компоненти со другите два веќе споменати модели, а треба да очекуваме име кое ќе започна со „K“, за да се впише во палетата на „Kodiaq“ и „Karoq“.

Во 2020-та ќе се појави првиот електричен модел на „Skoda“ – сериската верзија на концептот „Vision E“, а тука станува збор повеќе за кросовер отколку за хечбек. Моделот ќе биде изграден на платформата „MEB“ на „VW“ и се очекува да работи со едно полнење од околу 480-500 km.

Што се однесува до „Karoq“, општо тоа ќе е чешката верзија на „VW Tiguan“, а официјалните фотографии на моделот веќе се појавија на интернет.

Следните два модели ќе бидат обновените верзии на успешните „Fabia“ и „Superb“ – двата автомобили кои се наоѓаат на спротивните краеви на моделот „Skoda“. Дотерувањето на „Fabia“ треба да се случи во текот на летото на 2018-та, а она на „Superb“ – во почетокот на 2019-та. Тогаш ќе дебитира и хибридната верзија на чешкиот предводник.

Шестиот модел ќе биде целосно нов „Rapid Spaceback“, кој во 2019-та ќе го претстави новиот пристап на Чесите кон дизајнот на ентериерот, со поголем екран осетлив на допир и поквалитетни материјали – тоа се знае отсега.

Пред него, сепак, во есента на 2018-та ќе ја видиме верзијата „RS“ на „Kodiaq“, а за 2020-та е предвидено претставување на следната генерација на хитот „Octavia“, новиот модел ќе има хибридна верзија, систем за автономно движење, иако не за целосно автономно патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар