13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на Турција се прошири со над 5% во вториот квартал

Економијата на Турција се прошири со над 5% во вториот квартал

Турција го одржува економски раст на ниво, надминато само од Кина и Индија од земјите во Г20, откако нејзината економија била поддржана од раст во градежништвото, соопштува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ се прошири за 5,1% во периодот април-јуни на годишна основа, што е малку под средната оценка за 5,3% во анкетата на „Bloomberg“. Економијата бележи раст од 2,1% во однос на претходниот квартал, надминувајќи ја прогнозата на економистите за 1,8%.

Статистиката од понеделник го прави растот на Турција еден од најбрзите меѓу 20-те најголеми економии во светот и бележи второ последователен квартал со годишен раст од 5%. Инвестициите се зголемија со најбрзата стапка од 2015-та година, предводени од градежната индустрија, каде големите проекти беа поддржани од владата во јавно-приватни партнерства.

Државните расходи за стоки и услуги се зававија со најбрзта стапка од над две години, изненадувачки развој, што го соборија растот под консензусната оценка, покажува економистот од „Garanti Bank“, Асуман Кемикшиш, кој бил меѓу повеќето точни аналитичари во анкетата.

„Иако одложувањето во државната потрошувачка е помалку од очекуваната, има видлива ревитализација на потрошувачките трошоци, кои заедно со растот на извозот ќе го поддржи растот во третиот квартал“, коментира тој по телефон по претставувањето на податоците. „Очекуваме растот да биде околу 7% во оваа година“, додава Кемикшиш.

Лирата зајакна по претставувањето на податоците, зголемувајќи се со 0,3% до 3,4007 за долари.

Извозот забележа раст од 10,5%, а бруто формирањето на капиталот – категорија која ги вклучува инвестициите од 9,5% на годишна основа. Трошоците за изградба се зголемија за 25%, а оние за машини и опрема се распадна со 8,6%, пад за четвртиот последователен квартал.

Потрошувачката на домаќинствата, генерира две третини од економијата, се зголемило за 3,2% на годишна основа во однос на 3,6% во претходниот квартал.

Економијата се прошири со 6,5% во вториот квартал, коригирана спрема бројот на работните денови, а средната оценка беше за 5,2%. Турскиот статистички институт соопшти дека годишниот раст на БДП-то во 2016-та година, пресметан независно од тримесечните читања, бил 3,2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП