19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Што е за вас идеална работа“? - Како да одговорите на ова...

„Што е за вас идеална работа“? – Како да одговорите на ова прашање

На разговорот за работа не е толку едноставно да одговорите на прашањето за иделано работно место. Пред се, многу е голема шансата работата на која сте се пријавиле всушност да не е она што го сметате за идеално.

Работодавците на разговорот за работа се обидуваат да сфатат дали ги имате вештините кои се потребни за обавување на работата. Дополнително ги интересира колку сте мотивирани за обавување на понудената работа. Затоа не би било мудро да се објаснувате како понудената позиција не одговара на ваша идеја за иделна работа. Наместо тоа, обидете се да го поврзете вашиот одговор со деловната позиција на која сте се пријавиле.

Што да спомнете?

Би било идеално кога идеалната работа би можеле да ја опишете користејки референци од некои елементи од понудената работа. Размислете што најдобро ви одговара. Уживате во решавањето на проблемите и конфликтите? Совршено функционирате под притисок? Сакате да бидете во контакт со луѓето? Проучете го огласот за работа и обидете се да пронајдете поклопувања. Ако ги пронајдете, на добар пат сте.

Вашиот одговор не мора да содржи конкретна деловна позиција. Можете да наведете одговорности за кои би сакале да се дел од вашиот опис на работното место, вештини кои сакате да ги користите или тип на корпоративна култура која најмногу ви одговара.

Доколку некои наводи можете да ги поткрепите со примери од работата која претходно сте ја објавувале, вашето објаснување ќе има поголема тежина. Истовремено, тоа ви е прилика да ги наведете своите најголеми предности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП