
Лондон останува најатрактивниот финансиски центар во светот, зголемувајќи ја предноста во однос на Њујорк и покрај идното излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на новото истражување од понеделникот.


Лондон останува најатрактивниот финансиски центар во светот, зголемувајќи ја предноста во однос на Њујорк и покрај идното излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на новото истражување од понеделникот.
Излезот на Велика Британија од блокот доведе некои политичари и економисти да предвидат дека Лондон ќе ја изгуби лидерската позиција како финансиски центар. Меѓутоа, постојат голем број на сигнали дека ова се уште не се случува.

Лондон е на прво место, следен од Њујорк, Хонг Конг и Сингапур, во индексот на глобалните финансиски центри „Z / Yen Global Financial Centres Index“ (GFCI), кој проценува 92 финансиски центар врз основа на фактори како инфраструктура и пристапот до високо квалификувани вработени. Њујорк е 24 поени зад британскиот главен град, што е најголемото водство помеѓу двата града откако започна истражувањето во 2007-ма година.
Рејтингот за Њујорк е 24 поени понизок од минатата година – најголем пад кај водечките конкуренти. Според авторите на студијата, тонењето е „наводно поради загриженоста за американската трговија“.
Откако стана претседател на САД во јануари, Доналд Трамп се повлече од планираните Транстихоокеански трговски договори и извршува поизолационистичка економска политика.
Најсилниот финансиско лоби во Велика Британија – „TheCityUK“, предупреди дека не треба да има самозадоволство од претставувањето и повика на јасност во преодните договори по напуштањето на ЕУ кои важат по април 2019-та година, кога земјата официјално ќе излезе од Унијата.
„Без оваа јасност, многу компании веќе почнаа да ги активираат своите планови за непредвидените ситуации, а други без сомнение ќе го следат примерот ако договорите не се потврдат што е можно поскоро – или барем до крајот на оваа година“, рече Мајлс Селик, Главен извршен директор на „TheCityUK“.
Од јуни па наваму, кога е спроведена студијата, разговорите меѓу британскиот премиер Дејвид Дејвис и неговиот колега Мишел Барние остро се влошија.
Во последните два месеци освен тоа се забележува повеќе банки, кои велат дека планираат воспоставување на нови подружници во ЕУ по „Brexit“, а повеќето големи американски, британски и јапонски банки се насочуваат кон Франкфурт или Даблин.
Франкфурт се искачи на 11-то место на табелата од 23-тото од пред една година, а Даблин е на 30-то место од 33-та позиција.