30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 реченици кои ќе ви помогнат да престанете да се плашите од...

6 реченици кои ќе ви помогнат да престанете да се плашите од предизвиците

Шелби Скрхак директор на сектор за дигитални содржини и социјални медиуми за сајтот „Success“ говори за тоа колку, и покрај големата кариера е уплашена пред некои предизвици и ни претстави шест реченици од успешните луѓе со кои успева да го победи тој страв.

1. „Не чекајте да биде се како што треба. Никогаш нема да биде се совршено. Секогаш ќе постојат предизвици, препреки и лоши услови за почеток. Па што? Почнете сега. Со секој чекор кој ќе го направите ќе бидете посилни и појаки, се повеќе вешти, со дополнителна самодоверба и дополнително успешни“ – Марк Виктор Хансен.

2. „Говори погласно. Верувај во себе. Ризикувај“ – Шерил Сандберг.

3. „Пасивноста создава сомнеж и страв“. Акцијата раѓа самодоверба и храброст. Ако сакате да го победите стравот немојте да седите дома размислувајќи за тоа. Излезете надвор и бидете зафатени“ – Дејл Карнеги.

4. „Сите добри говорници некогаш биле лоши говорници“, Ралф Валдо Емерсон.

5. „Работи најдобро што знаеш додека не станеш подобар. Кога ќе бидеш подобар, работи уште подобро“, Маја Ангелоу.

6. „Запомни дека си похрабар отколку што мислиш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш“ Кристофер Робин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП