18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре во галеријата на МКЦ изложба на Ниче и Љупка Василев

Утре во галеријата на МКЦ изложба на Ниче и Љупка Василев

Во галеријата на Младинскиот културен центар утре во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на Ниче Василев и неговата ќерка Љупка Галазка-Василев.

Ниче Василев е роден во Дабиле, Струмичко. Академија на ликовна уметност завршил во Варшава 1978 во класата на проф. Лудвик Мачонг. Во 1971/72 година студирал на Националната уметничка академија на Факултетот за применета уметност во Софија. Член е на ДЛУМ од 1980 год., живее и работи во Струмица, Македонија.

Реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство, меѓу кои во Скопје, Струмица, Битола, Штип, Гевгелија, Варшава, Атина, Софија, Анкара, Цирих, Мадрид, Белград и др.
Учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии во Македонија, Бугарија, Србија…

Љупка Галазка-Василев е родена на 16.08.1979 год. во Струмица. Дипломирала на Националната ликовна академија во Софија, отсек текстил.

Живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП