9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците успеаа: Ќе бидеме слободни

Грците успеаа: Ќе бидеме слободни

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека грчката економија доживеала пресврт и дека од 2018 година повеќе нема да биде под надзор на доверителите.

Ципрас изјави дека грчката економија во 2017 година ќе забележи раст после деветгодишната рецесија. Тој додаде дека во Грција се отворени 236.000 работни места во првите седум месеци од оваа година, што е најбрзата стапка на раст на вработувањето од 2000 година и дека странските инвеститори се подготвени да ги искористат шансите кои се отвораат.

„Уверен сум дека ова време наредната година надзорот од доверителите ќе биде завршен“, изјави Ципрас.

Ципрас не го спомена намалувањето на дел од многу високиот долг на земјата, што е главното барање на неговата влада кое го поддржува и ММФ, но на кое се противи Европската унија, особено Германија. Како што наведва агенцијата АП, тој исто така избрал да заборави дека неговата партија претходно беше остро спротивставена на странските инвестиции и тоа што министрите од владата и државната бирократика ги запираа инвестициите како во операцијата за рудниците за злато на Халкидики, или големиот проект со недвижнини на теренот на поранешниот аеродром во Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП