15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFinance Think: Економијата во Македонија остана "замрзната"

Finance Think: Економијата во Македонија остана “замрзната”

Во вториот квартал од 2017, економијата се намали за 1.8% споредено со истиот квартал од 2016. Политичката криза кулминираше со настаните во Собранието од 27 април, што продолжи во нова неизвесност до формирањето на вадата на 31 мај, што пак продолжи во период на преземање на иституциите и следствено без позначаен импулс за економијата.

Во поголем дел од овој период економијата остана „замрзната“: домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси немаше, проценува „Finance Think“ во најновата анализа.

Поради овој тренд „Finance Think“ ја ревидира надолу проекцијата за растот на БДП за годинава на 0.8 отсто, одразувајќи го ризикот околу брзината со која новата влада се враќа на патеката на структурните реформи.

Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенцијалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП