Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Промоција на книгата „Кантар со метафори“ од Тони Димков

Време: 11:32

Датум: септември 11, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Издавачката куќа „Магор“ од Скопје ја објави книгата „Кантар со метафори“ од Тони Димков, со поднаслов „Збирка интервјуа што ја мерат тежината на времето“.

Промоцијата на книгата ќе се одржи в среда, со почеток во 20 часот, во „МКЦ Клуб и ресторан“. Промотори на книгата ќе бидат Лабина Митевска, актерка и филмска продуцентка, и Александар Прокопиев, писател и книжевен критичар.
Со филигрански направена селекција на интервјуа, објавени во списанијата „Граѓански“, „Глобус“, „Арт република“ и на интернет-порталот МКД.мк, со личности и појави и од ретко застапената алтернативна култура во државата, книгата претставува придонес кон изворното зачувување и документирање на меморијата и на трагите од времето во кое живееме.

Во книгата „Кантар со метафори“ се објавени 25 интервјуа со истакнати творци, како академик Луан Старова, театарскиот деец Ристо Стефановски, поетот Никола Маџиров и виртуозниот пијанист Симон Трпчески (национални уметници на РМ), сликарите Трајче Јанчевски (1928 – 2015) и Александар Станкоски, професорката Јасна Котеска, сликарката Весна Бајалска, сценографот и директор на Битолскиот народен театар Валентин Светозарев, диригентот Запро Запров, музичарите Кирил Џајковски, Тони Китановски, Зоран Маџиров (1968 – 2017), Сеад Хаџиќ – Сецко, Александар Пејовски, групите „ПМГ Колектив“ и „Легијата“, новинарката Гена Теодосиевска, актерката Лабина Митевска, поетот Сашко Гигов – Гиш, извршниот продуцент Пеце Талески, Златко Стевковски како директор на Младинскиот културен центар во Скопје, со двајца актери од Словенско младинско гледалишче од Љубљана и големи пријатели на Македонија, Дарио Варга и Урош Мачек, како и со австрискиот кинематографер Кристијан Бергер.

Тони Димков (1969, Скопје) е новинар од областа на културата и уметноста кој со години ги следи творештвото на македонските уметници од речиси сите области и сите позначајни фестивали и културни манифестации во Република Македонија.

Книгата „Кантар со метафори“ е негово второ публицистичко издание.

Издавањето на книгата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Македонија.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Народниот театар од Ниш со „Госпоѓа министерка“ вечерва на фестивалот “Гола месечина“

    Народниот театар од Ниш со „Госпоѓа министерка“ вечерва на фестивалот “Гола месечина“

    На третата вечер од фестивалот на комедијата „Гола месечина“, вечерва во 21 часот на отворената сцена во спорсткиот центар „Ново лисиче“ ќе биде изведена претставата…

  • Отворен повикот за учество на саемот на уметност „Ин Ситу“

    Отворен повикот за учество на саемот на уметност „Ин Ситу“

    Меѓународниот саем на уметност „Ин Ситу“, досега познат како „Паратисима Скопје“, ќе се одржи од 13 до 15 септември во Младинскиот културен центар во Скопје. Повикот…

  • Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Со урнебесната повеќепати наградувана босанска претстава „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вчеравечер беше отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Се работи за…

  • Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, седум претстави од Македонија, БиХ и од Србија

    Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, седум претстави од Македонија, БиХ и од Србија

    Со урнебесната повеќенаградувана босанска претстава „Једваносимсобоакамоломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вечерва на сцената на Театар „Комедија“ ќе биде отворен меѓународниот фестивал на комедијата…

  • Промоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

    Промоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

    Во мултимедијалниот центар на Матица од Скопје, во Паркот на Книгите, денеска во 12 часот ќе биде промовирана монoграфијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски. За делото…

  • Промовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

    Промовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

    Познатите скопски филателисти Климе Поповски и Виктор Габер издадоа монографија со назив „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“. Во монографијата преставени се текстови…

  • Изложба на уметници инспирирани од европската и македонската литература – „Кроки во градината“

    Изложба на уметници инспирирани од европската и македонската литература – „Кроки во градината“

    Во галеријата Акантус се отвори изложбата „Кроки во градината“. На оваа изложба се претставени дела на десет еминетни уметници, Горјан Ѓорѓиев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја…

  • „Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

    „Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

    „Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи денеска во 20 часот. На концертот како солисти…

  • Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

    Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

    Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија. Postmodern Jukebox е музички колектив кој…

  • Почнува Баскерфест 2018-та

    Почнува Баскерфест 2018-та

    Вечерва во 19 часот ќе биде отворен 13-тиот по ред фестивал на улични изведувачи, Баскерфест 2018. Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе…