17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан двегодишен договор за соработка меѓу СЗО и Македонија

Потпишан двегодишен договор за соработка меѓу СЗО и Македонија

На вчерашниот состанок во Будимпешта со Зузана Јакаб, регионален директор на Светската здравствена организација, министерот за здравство, Арбен Таравари, го потпиша двегодишниот договор за соработка со Светската здравствена организација, со што Македонија стана една од првите земји што го направија тоа.

Македонија меѓу првите го потпиша двегодишниот договор за соработка со Светската здравствена организација.

„Двегодишниот договор за соработка е документ кој ја определува рамката за соработка помеѓу СЗО и Република Македонија“. Договорот за 2018/2019 година претставува надградба на веќе реализираниот договор за 2017/2018 година и дава насоки и цели за реализации во претстојниот период. Инаку, активностите и целите предвидени во овој договор се во согласност со стратегијата ‘Здравје 2020’ на Светската здравствена организација. Оваа стратегија е веќе прифатена во Македонија и е во целост усогласена со нашите политики како министерство и воопшто како земја. Стратегиски области за соработка се повеќе, но би ги издвоил антимикробна резистенција, ментално здравје и здраво живеење“, изјави Таравари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП