26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип утре прскање против комарци

Во Штип утре прскање против комарци

Општина Штип за утре најавува прскање против комарци од земја. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 00 до 06 часот наутро.

Со прскањето ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети. Дезинскецијата ќе се изведува со препаратот Aqua K-othrine 2 EW со активна супстанца Deltamethrine.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд и др.)  дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. Општина Штип апелира пчеларите навремено да преземат мерки за заштита на пчелите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП