28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемјотресот во Мексико однесе 61 жртва(фото)

Земјотресот во Мексико однесе 61 жртва(фото)

Во земјотресот во Мексико бројот на загинати се искачи на 61. Спасувачките екипи сè уште трагаат по преживеани.

Претседателот на Меиксико, Енрике Пења Нето, соопшти дека 45 лица загинале во Оаксака, 12 во Чиапас и четири во Табаскo, каде меѓу жртвите имало две деца.

Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе расте, а исто така стравуваат и од нов земјотрес.

Во меѓувреме, Националниот центар за урагани на САД, соопшти дека ураганот Катја, кој поминува низ истокот на Мексико, би можел да предизвика поплави и свлечишта кои што би можеле да бидат смртоносни, особено во планинските предели.

Земјотресот што завчера го погоди Мексико беше со јачина од 8,2 степени според Рихтеровата скала, и се смета за најсилен во последните 100 години. Посилен дури и од земјотресот кој го потресе Мексико Сити во 1985 година кој нанесе огромни штети.

Мексико се наоѓа на пет тектонски плочи, што ја прави земјата исклучително погодна за земјитреси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП