19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВработувањето во Канада се зголемува, a невработеноста се намалува до 9-годинишен минимум

Вработувањето во Канада се зголемува, a невработеноста се намалува до 9-годинишен минимум

Канадската економија додава повеќе работни места, отколку што се очекуваше во август и така ја испраќа стапката на невработеност на најниско ниво од финансиската криза, објави „Ројтерс“.

Работодавците додадоа 22.000 работни места во август, а прогнозите беа за 19.000 работни места.

Сепак, вработувањето со скратено работно време генерира севкупен раст, според податоците од статистичките канцеларии. Овие позиции се зголемија за 110.400, а работните места со полно работно време се намалија за 88.100. Најголем придонес за новите работни места има секторот на услгуи, а следат превозот, хотелиерството и рестораните.

Невработеноста опаѓа од 6,3 на 6,2%, што е најниско ниво од октомври 2008-ма година. Уделот на вработените останува непроменет.

Часовните плати се зголемија за 1,7% на годишно ниво, што е најостро зголемување од октомври минатата година. Овие зголемувања најверојатно ќе сугерираат дека може да има подобрување на растот на платите, кој беше слаб и покрај силните перформанси на пазарот на труд во текот на изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП