3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на туристи во светот бележи рекорден 7-годишен раст

Бројот на туристи во светот бележи рекорден 7-годишен раст

Бројот на меѓународните туристи во светот се зголемил за 6,4 отсто во првото полугодие, невиден резултат веќе седум години, благодарение најмногу на двоцифрениот пораст во Медитеранскиот регион. Според податоците објавени од страна на Светската туристичка организација (SOT) и цитирани од страна на „France Press“.

Од јануари до јуни туристите достигнаа 598 милиони, што е за 36 милиони повеќе во однос на првата половина на 2016-та година, се наведува во соопштението на организацијата на ОН со седиште во Мадрид. Оваа институција го објаснува овој раст со поголема деловна доверба и растечките желби за посети на Англија, Кина, Франција и САД.

Првото полугодие од 2017-та година покажува здрав раст на повеќе флексибилен и динамичен туристички пазар, вклучувајќи ги и дестинациите кои минатата година беа погодени од прашања поврзани со безбедноста“, коментира генералниот секретар на „ЅОТ“, Талеб Рифат.

Со особено силен раст во првото полугодие се користеле медитеранските дестинации, меѓу кои Египет, Тунис и Турција, кои претрпеле терористички напади во последниве години.

Бројот на меѓународните туристи кон јужна Европа и Медитеранот се зголеми за 12 проценти, на Блискиот исток со 8,9 проценти, а кон Северна Африка со 16 проценти.

За цела Европа зголемувањето е 7,7 проценти во споредба со 7,6 проценти за Африка, 5,7 проценти за азиско-пацифичкиот регион, 6 проценти за Јужна Америка и 2 проценти за Северна Америка, каде што силните податоци во Канада и Мексико го компензираат падот во САД.

„ЅОТ“ очекува бројот на туристи од целиот свет да се зголеми за 3-4 отсто за целата 2017-та година. Во 2016-та година, бројот на странските туристи во светот пораснал за 3,9 отсто од 2015-та година на 1,23 милијарди лица, според „АФП“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП