Кинескиот конгломерат„ CEFC“ ќе купи 14,6% од рускиот нафтен гигант „Роснефт“ за сума од 9,1 милијарди долари од конзорциумот меѓу „Glencore“ и катарскиот инвестициски фонд (Qatar Investment Authority, или QIA), заздравувајќи го уште повеќе енергетското партнерство меѓу Москва и Пекинг, објави „Ројтерс“.
Во последниве години, „CEFC China Energy“ стана значаен нафтен гигант во проширувачкиот енергетски конгломерат. Договорот ќе и овозможи на Кина, вториот по големина потрошувач на енергија во светот, да ја зајакне својата соработка со водечкиот светски производител на нафта.
Зделката се случува во момент во кој САД воведе нови економски санкции врз Русија, попречувајќи ги големите западни компании, како „Glencore“, во развојот на партнерства и зајакнување на односите со државни компании како „Роснефт“.
„Glencore“ вели во соопштението дека „CEFC“ ќе купи акции со премија од околу 16% до 30-дневната средна просечна цена на акциите на „Роснефт“, без да ја именува цената. Портпаролот на „CEFC“, сепак, рече дека компанијата ќе плати 9,1 милијарди долари.
Пазарната капитализација на „Роснефт“ сега изнесува 57 милијарди долари, а договорот е една од најголемите инвестиции досега направени од Кина во Русија.
„Glencore“ и „QIA“ ќе имаат акции од 0,5% и 4,7% во „Роснефт“. Двете компании купија 19,5% од „Роснефт“ во декември 2016-та година за над 10,2 милијарди евра, помагајќи му на Кремљ да ги пополни буџетските дупки.
Кремљ се обидува да ги зајакне односите со Кина, особено откако Западот наметна големи санкции врз Москва, за да ја казни за анексијата на Крим и нејзината интервенција во источна Украина во 2014-та година.
Русија е најголемиот снабдувач на сурова нафта во Кина, каде што се бори против својот ривал Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта.