5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Најпопуларните дестинации со крузери

График на денот: Најпопуларните дестинации со крузери

Глобалните патувања за крстарење продолжуваат да бележат стабилен раст ширум светот, коментира „Statista“.

Асоцијацијата „Cruise Line International Association“ (CLIA) оваа година очекува 25,8 милиони луѓе да патуваат низ океаните со бродови за крстарење, што е за 1,1 милион повеќе од минатата година.

Засега, повеќето патници најчесто доаѓаат од САД – 11,52 милиони во 2016-та година. Сепак, оваа огромна бројка лесно може да се објасни со оглед дека најголемиот дел од капацитетот од крстарењата – 35% – беше насочен кон Карибите.

Втората најпопуларна дестинација за бродови во 2016-та година, со помалку од 20%, е Медитеранот, а сите други дестинации во Европа се на третото место.

На втората позиција, по бројот на патници по САД е Кина, иако многу помалку само 2,10 милиони луѓе. Малку зад нив се Германците – 2,02 милиони патници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП