16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонската економија со значително намален раст во вториот квартал

Јапонската економија со значително намален раст во вториот квартал

Јапонската економија во кварталот април-јуни 2017 година пораснала со побавно темпо, покажаа ревидираните владини податоци.

Како што соопштија од кабинетот на Владата, бруто домашниот производ (БДП) пораснал во вториот квартал по годишна стапка од 2,5 проценти, пренесува агенцијата АП.

Се напоменува дека ова се втори прелиминарни податоци кои драматично се ревидирани во однос на претходните показатели објавени минатиот месец, кога беше соопштено дека растот изнесувал 4,0 проценти.

Инвестициите во приватниот сектор во извештајниот квартал, според новите податоци, се намалени од 2,4 проценти на 0,5 проценти.

На квартално ниво, јапонската економија во вториот квартал забележала раст од 0,6 проценти, што исто така е помалку во однос на претходно објавениот податок за експанзија од 1,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП